Членство

ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЧЛЕНСТВОТО НА МАЧР 

Македонската асоцијација за човечки ресурси - МАЧР како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани, продолжува со остварување на својата мисија за промоција и унапредување на професијата управување со човечките ресурси, како и создавање и имплементирање на највисоките професионални стандарди и развој на човечкиот капитал во Република Македонија како единствен ентитет од овој вид во земјава. МАЧР е полноправна членка на European Association for People Management – EAPM и World Federation for People Management Associations – WFPMA што е доказ за професионалност, кредибилитет и сигурна основа на ова здружение за понатамошен раст и развој.

Што добивате преку членството во ова здружение на граѓани?

  • Едукативни настани во наша организација или во организација на нашите блиски соработници и партнери: меѓународни конференции, обуки, настани, работилници - бесплатни или по повластени цени
  • Известувања за најновите настани и случувања во областа на HRM во земјава и Европа
  • Можност за директно вклучување во работењето на здружението во некоја од работните групи во рамките на МАЧР
  • Можност за целосно вклучување и креирање на проекти од областа на HRM притоа застапувајќи го здружението
  • Последно, но и најважно - ширење на мрежата на контакти, и вклучување во NETWORKING-OT на здружението на докажани и врвни HR експерти и професионалци од приватниот и јавниот сектор од земјава и странство и размена на искуства и практики.

Кој може да биде член на здружението?

  • HR професионалци, експерти и консултанти
  • HR директори, раководители и вработени во одделите за управување со човечките ресурси од приватниот и јавниот сектор
  • професори, но и студенти и почетници во областа на HRM

т.е. сите заинтересирани лица за делување во областа на управувањето со човечките ресурси !!!

Како да станете член на здружението?

  1. Пополнете и потпишете ПРИСТАПНИЦА за членство (и доставете ја до Извршната канцеларија на МАЧР или скенирана на е-маил адресата: contact@mhra.mk) пропратено со Вашата професионална биографија (CV) и краток допис во однос на Вашите очекувања како член на МАЧР, но и како би можеле да допринесете во нејзиниот развој и работа
  2. Уплатете го износот за годишната членарина, кој што согласно со Одлуката донесена на седницата на Управниот одбор на МАЧР од 01.02.2016 година изнесува 1.800 денари, или 1.230,00 денари за студенти и невработени лица (предмет на верификација).

Оние кои имаат поднесено Пристапница за членство, вршат обнова на истото со уплата на годишната членарина за 2019 година во зависност од тоа во која категорија спаѓаат.
 
Ве повикуваме да го потврдите Вашето членство и да ја извршите уплатата на годишната членарина најдоцна до 08.04.2019 на следната:
жиро сметка: 300-0000029252-65;
депонент: Комерцијална Банка АД;
даночен број: 4080009503160;
цел на дознака: упис за/ обнова на членство во Македонската асоцијација за човечки ресурси за 2019 година

* Забелешка: Членството е валидно од моментот на зачленување, до крајот на тековната календарска година. 

Ве очекуваме...

Македонска асоцијација за човечки ресурси

ВАЖНО: Пред да ја извршите уплатата на годишната членарина, доколку сте нов член, задолжително обратете се до Извршната канцеларија за потврда и дополнителни информации во однос на постапката.

People-oriented companies - првите корпоративни членови на Македонската асоцијација за човечки ресу

Во знак на признание за претстојната соработка, на годинешната 11. Меѓународна HR-конференција, насловена „HR – the catalyst of transformation”, прет

 
Прочитај повеќе

Отворен повик за членство во МАЧР за 2019 година

Македонската асоцијација за човечки ресурси - МАЧР како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани, продолжува со остварување на својата

 
Прочитај повеќе

Права, обврски и должности на членовите на МАЧР

 
Прочитај повеќе