Огранок за коучинг


Огранок за коучинг

Огранокот за коучинг во рамки на МАЧР е формиран на 22 април 2019 година, како прва мрежа на професионални коучеви во земјата. Таа освен што ги обединува професионалците од оваа професија, се залага за поставување на високи професионални и етички стандарди за вршење на дејноста.

Мисија/Визија

Ние веруваме во големината и уникатниот потенцијал што постои во секоја личност. Нашата мисија е да помогнеме да се ослободи и максимизира оваа човечка сила и креативност. Нашата мрежа ги почитува индивидуалните таленти и ги поддржува високите вредности во врвните тимови и организации, помагајќи им да го достигнат својот целосен потенцијал.

Цели

Нашите главни цели се:
  1. Заедно да делуваме во отклучувањето на потенцијалот на индивидуите и организациите во нашата земја
  2. Да ја подигнеме свеста за коучингот како нова професија и да ги промовираме придобивките на коучингот за личниот и организацискиот развој
  3. Да го воспоставиме етичкиот кодекс во професионалниот коучинг и да обезбедиме усогласеност помеѓу членовите
  4. Да создадеме можности за меѓусебна соработка и размена на знаења
  5. Да организираме настани за промоција на коучингот во рамките на активностите на МАЧР
Со промоцијата на коучингот од страна на огранокот за професионален коучинг во рамките на МАЧР ќе се создава поголема информираност и потреба во општеството, кај индивидуите и компаниите.

Членување

Членовите на огранокот за коучинг се членови на МАЧР.

За да се обезбеди квалитетна промоција на професионалниот коучинг и етаблирање на етичкиот кодекс во работата, воспоставени се критериуми за прием на членови во однос на потребната професионална едукација, и докази за компетенстост за вршење на дејноста. Повеќе информации за критериумите и начинот на зачленување може да добиете доколку се обратите до Извршната канцеларија на МАЧР.

Oгранокот за коучинг при МАЧР се формира како огранок со меѓусебно еднакви членови. За прием на нови членови во Огранокот одлучува Комисија за верификација на членство, составена од членови на Огранокот која го проверува исполнувањето на критериумите. Сите членови на Огранокот се обврзуваат  за почитување на Статутот и интерните акти на Македонската асоцијација за човечки ресурси како и Етичкиот кодекс за професионален коучинг.


Членови на Огранокот за коучинг:

М-р Христина Лозаноска -  професионален коуч 

Христина е бизнис и персонален коуч, која поседува два сертификати за коучинг: Erickson Professional Coach сертификација акредитирана од International Coaching Federationи Capital C Coach, сертификација призната од American board of NLP,ANLP https://anlp.org. Христина е дипломиран правник на Правниот факултет, УКИМ, а постдипломски студии по менаџмент и организација завршува на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија, соспецијализација по менаџмент со човечки ресурси. Соодеветниот едукациски бекграунд заедно со нејзиното лидерско искуство ја прави способна да работи со високи професионалци и лидери во јавниот и приватен сектор, на кои им помага да го унапредат својот лидерски стил. Нејзината страст и енергија која ја вложува во работата делуваат мотивирачки и охрабрувачки.Христина е коуч орентиран кон решенија,многу брзо проникнувa во сржта на она што се случува, и потоа развива специфични, мерливи стратегии со кои клиентите ги поттикнува да размислуваат за предизвиците на сосема поинаков и проактивен начин.Секоја сесија обезбедува нови, јасни перспективи за тоа како да им пристапат на работните предизвици со јасна визија и акциски план.


 М-р Весна Кардалевска-  професионален коуч


 Весна Кардалевска, сертифициран Capital Coach и сертифициран практичар на програмата SystemicDynamic Work Method. По формално образование лингвист, двоен магистер по Југостисточноевропски студии и Бизнис администрација (MBA), Весна е долгогодишен менаџер со над 20години богато работно искуство во меѓународни и мултикултурни организации. Какосертифициран специјалист за подобрување на човечките и институционалните капацитети(Certified Performance Technologist), Весна долги години работи на организацискиот и човечкиотразвој, а во последните седум години фокусот го става врз личниот и професионалниот развој напретприемачите во Македонија и Југоисточна Европа, преку спроведување на обуки за мекивештини како и преку анализа и подобрување на организациските процеси, и преку одржување наиндивидуални и тимски coaching сесии. Весна секојдневно ja практикува својата лична мисија наcoach –ги поттикнува луѓето на отклучување на нивните сопствени внатрешни ресурси со цел да гипостигнат посакуваните промени, и ги насочува кон личен раст и развој.



 М-р Верита Акташ- професионален коуч

М-р Верита Акташ е Личен и Професионален коуч и Сертифициран Обучувач за возрасни. Едукацијата и компетенциите ги стекна преку специјализирани образовни институции во Словенија, Холандија, Македонија и други земји како и со професионално искуство со работа во национални и меѓународни институции во земјата и странство.

Поседува долгогодишно искуство во комуникации, коучинг, консултинг, креира и одржува обуки за личен и професионален развој, лидерсво, комуникација, менаџмент, превенција и резрешување на конфликти, визија, мисија и креирање програми според потребите на организациите.



М-р Ана Салтирова Давидовски- професионален коуч

Ана Салтирирова Давидовски е серифициран  NLP Тренер и Коуч. Ана е социјален работник кој има магистрирано на Менаџмент на Човечки ресурси, а преку магистерската теза за првпат го внесе NLP во академските трудови во Македонија.

Активна е на повеќе проекти за развој на ЧР во Македонија и промоција на професијата, член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси и  лен на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на Република Македонија.Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Последниот проект на кој страсно работи е нејзината книга за деца „Благодарам“ во која знаењето стекнато во NLP едукацијата го адаптира за најмладите.



М-р Зорица Поповска- професионален коуч

Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг Центар, лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер, Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси (според методологија на “Erickson Coaching International”). Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси со огромно искуство во водење тимови, организирање на процеси, развој и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа се подршка на личниот развој, оптизмизирање и откривање на скриените потенцијали на поединците и тимовите, како и нивната извонредност во брзото и комплексно живеење. Нејзиното досегашно искуство вклучува  голем број на успешно реализирани обуки од доменот на личен развој и лични вештини, продажба, преговарање, влијание, женско претприемништво и голем број на реализирани индивидуални и бизнис коучинг сесии.



М-р Коста Карпузовски- професионален коуч

Коста Карпузовски е тренер и менаџер со повеќе од 20 години искуство во коминукација, продажба и водење успешни тимови, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Последните 5 години предава на инспиративни и трансформациски работилници. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект.

Тој е инженер по Електроника и телекомуникации. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерските квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија. Искусен обучувач во областа на подготовка за јавен настап, водење состаноци и презентации. 


М-р Ирена Јакимова- професионален коуч

Ирена Јакимова е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, како и  сертифициран тренер за Points-of-You® методологија. Ирена е магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното работно искуство од преку 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Последните 8 години, таа работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети. Има одржано обуки (тренинг), тимски коучинг или тим билдинг, индивидуален (еден-на-еден) коучинг и тренинг за стотици компании и илјадници поединци, а сето е со цел растење и зголемување на нивните можности и остварување подобри резултати. Основач е на Инспирит Коучинг.