За нас

Македонска асоцијација за човечки ресурси 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата управување со човечки ресурси.


HR Cafe & Networking: „Воведување на современи HR системи- стратегиска алатка на организациите“

Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR кафе и Networking настан на тема: „Воведување на современи HR системи- стратегиска алатка на организациите“ | 15 октомври 2019 (вторник) | Public Room | 17-19 часот.

Прочитај повеќе

Бидете дел од HR Weekend 2.0!

Бидете дел од HR Weekend 2.0, едукативен семинар, наменет за учење и развој на вашата организација и вработени, надвор од работното секојдневие! Настанот ќе се одржи на 1 и 2 ноември, во хотел „Бистра“, Маврово.

Прочитај повеќе

HR Cafe & Networking: Како до здрава и безбедна работна средина?

Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа ве поканува на HR кафе и Networking настан на тема: Како до здрава и безбедна работна средина?

Прочитај повеќе

HR Обука: „Coaching"

Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на HR обука за: „Coaching“ 24 септември (вторник) | 10:00 - 16:00ч. | Скопје

Прочитај повеќе

Е-весник „Човечки капитал“ бр. 10

Ви го претставуваме новиот број на единствениот е-весник посветен на професијата менаџмент со човечки ресурси - „Човечки капитал“. Прочитајте повеќе за досегашните и идните активности на МАЧР, погледнете го интервјуто со Јана Репаншек - директор на Center of Excellence in Finance, Словенија, прочитајте ги поучните статии од нашите ценети членови и дознајте што се случува во полето на менаџмент со човечки ресурси преку статиите коишто ги издвоивме за вас.

Прочитај повеќе

HR обука: „Employee engagement - суштинска врска помеѓу компанијата и вработените"

Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на обука на тема „Ангажираност на вработените – суштинска врска помеѓу огранизацијата и вработените“, со Ана Томовска Мисовска и Ивана Дојчиновска Стојановиќ. Обуката е еднодневна и ќе се одржи во четврток, 27 јуни.

Прочитај повеќе

Прва меѓународна конференција за развој на човечки ресурси во спортот и спортските клубови

Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со Фудбалска федерација на Македонија, на 21-ви јуни 2019 година го организира завршниот настан за проектот „Стручно образование и обука за спортски работници – Иновативна програма за јакнење на лични и социјални вештини”, поддржан од Еразмус+ Програмата.

Прочитај повеќе

HR Cafe & Networking во јуни: „Кој е вашиот тимски вкус?“

Дали сте спремни за едно поинакво HR дружење? Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со Idealab, Cooking with Branko и Спортплан ве поканува на јунското, интерактивно HR кафе и Networking, на тема: "Кој е твојот тимски вкус?" 11 јуни 2019 (вторник) | МКЦ Клуб и Ресторан | 17-19 часот.

Прочитај повеќе

Повик за пишување на статии во 10-тиот број на весникот “Човечки капитал“

Како и во секое друго издание на весникот, МАЧР посветува дел од истиот токму на статии напишани од страна на членовите на асоцијацијата. Од таа причина, ги покануваме сите наши членови коишто имаат интерес за пишување, да ни ги достават напишаните статии на e-mail адресата: contact@mhra.mk најдоцна до 15.06.2019.

Прочитај повеќе

Се одржа мајското HR Кафе & Networking

Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со QPM / gradar.com и Талент бизнис инкубаторот - Степ-ап, партнер на компанијата за Македонија, на 29 мај 2019 одржа уште едно HR Кафе и Networking, на тема: "Градење на инфраструктура за човечки ресурси во 21 век: Модерна евалуација на работата (job evaluation)како основа за менаџмент со компетенциите, талентите и наградувањето. "

Прочитај повеќе

People-oriented companies - првите корпоративни членови на Македонската асоцијација за човечки ресу

Во знак на признание за претстојната соработка, на годинешната 11. Меѓународна HR-конференција, насловена „HR – the catalyst of transformation”, претседателот на МАЧР, г-дин Дарко Петровски, на седумте досегашни корпоративни членови, им го додели обележјето - КОРПОРАТИВЕН АМБЛЕМ насловен “People oriented company”.

Прочитај повеќе

HR кафе во Мај: Модерна евалуација на работата (job evaluation) како основа за менаџмент со компете

Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со QPM / gradar.com и Степ-ап партнер на компанијата за Македонија, ве поканува на HR кафе и Networking настан на тема: "Градење на инфраструктура за човечки ресурси во 21 век: Модерна евалуација на работата (job evaluation)како основа за менаџмент со компетенциите, талентите и наградувањето. "

Прочитај повеќе

Се одржа 11тата меѓународна HR Конференција и HR Експо - „HR- the catalyst of transformation"

Во организација на Македонска асоцијација за човечки ресурси, во Скопје на 20 мај 2019 година, се одржа 11-тата јубилејна Меѓународна конференција за човечки ресурси на која истакнати предавачи го пренесоа своето знаење на темата “HR – The catalyst of transformation” (HR како катализатор на промени). Познати и угледни професори, тренери и менаџери од земјата и регионот во улога на спикери, пренесоа своите искуства и практики, токму на оваа истакната тема која е од огромно значење за цивилизираниот свет.

Прочитај повеќе

Избран е најдобриот HR менаџер за 2018 година

Изборот за најдобар HR менаџер, кој го спроведува Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), се прави петта година по ред со цел да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси. Наградата значи и промовирање и признание на организацијата која е посветена во интегрирање на успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси, како една од носечките алки во делувањето на компанијата.

Прочитај повеќе

Зошто да го прославите интернационалниот HR ден?

Со цел да се истакне важноста на HR професијата и, следствено на тоа, луѓето коишто работат во HR сферата, од оваа година, European Association for People Management (EAPM) го воведе официјалниот европски интернационален HR ден (International HR Day), кој од сега па натаму ќе се одбележува секој 20ти мај.

Прочитај повеќе

5 основни работи коишто треба да ги знаете за Employer Branding

Минатата недела, МАЧР го одржа предавањето на тема „Employer Branding" со Триша Дег. Кога станува збор за градење и одржување на позитивен employer branding, Триша ги истакна следните основни работи коишто сите треба да ги знаеме:

Прочитај повеќе

HR Кафе & Networking - "Моќта на формалната проценка при регрутација на кадри"

Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR кафе и Networking настан: "Моќта на формалната проценка при регрутација на кадри – објективна поткрепа на селективниот процес". Настанот ќе се одржи на 27 март (среда) во МКЦ Клуб и Ресторан од 17 до 19 часот.

Прочитај повеќе

Бесплатно предавање за членовите на МАЧР: „Employer branding" со Триша Дег

МАЧР Ве поканува на предавање на тема „Employer branding” со Триша Дег, потпретседател на Програмата за таленти и операции на Технолошката асоцијација на Илиноис (Illinois Technology Association).

Прочитај повеќе

Прва HR Конференција во Косово "HR and People Development"

Косовската асоцијација за човечки ресурси (KHRA) ја организира првата национална конференција за човечки ресурси во Косово, на тема “HR and People Development”. Конференцијата ќе се одржи во хотелот Semitronix на 20 март 2019 година од 09:00 до 16:00 часот.

Прочитај повеќе

Се одржа седмата стратегиска работилница на членовите на Управниот одбор на МАЧР

Во духот на постигнување на нашите визија и мисија, членовите на Управниот одбор и извршната канцеларија вчера (05.03.2019) ja одржаа седмата стратегиска работилница на МАЧР, со цел да се утврдат следните планови на асоцијацијата и начините за нивна реализација. После долга дискусија, членовите на Управниот одбор дојдоа до еден главен заклучок: целата наша досегашна и претстојна работа ја посветуваме првенствено на нашето членство и на целата HR заедница во државата.

Прочитај повеќе

HR Кафе & Networking - "HR - The catalyst of transformation"

Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на HR кафе & networking на тема: „HR– the catalyst of transformation“ коешто ќе се одржи на 28 февруари 2019, четврток, во 17:00ч @ МКЦ Клуб и Ресторан – Скопје

Прочитај повеќе

Отворен повик за членство во МАЧР за 2019 година

Македонската асоцијација за човечки ресурси - МАЧР како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани, продолжува со остварување на својата мисија за промоција и унапредување на професијата управување со човечките ресурси, како и создавање и имплементирање на највисоките професионални стандарди и развој на човечкиот капитал во Република Македонија, како единствен ентитет од овој вид во земјава.

Прочитај повеќе

Избор на HR менаџер за 2018

Македонската асоцијација за човечки ресурси по петти пат ќе го додели веќе познато признание и награда HR менаџер на годината на менаџер кој со својата работа во доменот на менаџментот на човечки ресурси придонел за успешноста на компанијата и развојот на луѓето.

Прочитај повеќе

Е-весник "Човечки капитал" бр.9

Линк за пристап до е-весник бр. 9

Прочитај повеќе

Прашалник за истражување на вработливоста на младите во Република Македонија

Прашалник за истражување на вработливоста на младите во Република Македонија

Прочитај повеќе

Конкурси