Критериуми за оценување
Оценувањето на HR менаџерот се остварува врз следните критериуми:
1. Технички и функционални компетенции на HR менаџерот
2. Лични компетенции на HR менаџерот
3. Континуирано професионално усовршување
4. Промовирање на функцијата за управување со човечките ресурси внатре и надвор од организацијата
5. Најмалку 3 години работно искуство на позиција HR менаџер, а вкупно работно искуство од 8 години.
Напомена: Одбраниот кандидат мора да биде член на МАЧР.
Доколку не се исполнети 60% од критериумите комисијата за избор на HR менаџер на годината има право и да не одбере победник.